Хибридните авиони на компанијата Зунум Аеро можат да ги преполоват трошоците на летовите
Компанијата Зунум Аеро која има поддршка од компаниите Боинг и Џет Блу, може да ја почне златната ера на патување со авиони.
Зунум Аеро веќе три години развива мали авиони со хибридно-електричен погон, кој може да претставува почеток „на златна ера на брзо и ефтино електрично патување со авион”.
Авионите на Зунум ветуваат дека локалните летови ќе станат алтернатива на автомобилите и брзите возови. Се работи за авиони со 10 до 50 седишта, кои ќе го намалат времето на патувањата за 40 до 80 отсто, така на пример лет од Силиконската долина и Лос Анџелес би траел 2,5 часа намето 5 часа. Благодарение на ниските трошоци на летовите, картите ќе чинат 40 до 80 отсто помалку од сегашните.
Авионите ќе користат гориво само тогаш кога тоа е неопходно, така емисијата ќе се намали за дури 80 отсто. Развојот на батериите напредува, така тие ќе трошат се помалку енергија, а емисијата ќе биде еднаква на нула. Се работи за хибридно-електричен погон, технологија која ветува која и НАСА ја развива за сопствените електрични авиони.
Зунум Аеро моментално работи на добивање на сертификат за електричен авион, а сето тоа треба да биде подготвено за идната година. Летовите на првите авиони се очекуваат по 2020 година, а првиот ќе лета до 1.127 км. Целта на компанијата е да направи авиони со должина на лет од 1.600 км.