Хепи тоалети за најмладите Сингапурци

Од:

Во детските градинки, во подземната железница и на јавни места каде што се собираат повеќе луѓе, во Сингапур во следните шест месеци ќе бидат поставени тоалети со чиј дизајн најмладите жители на една од најбогатите држави во светот ќе им се разубави амбиентот за вршење на нуждата.

Со тоа, како што објави сингапурската Асоцијација за чисти тоалети, кај најмладите ќе се создаваат и навики и нивно уживање во секојдневието. Дел акцијата наречена „хепи тоалетс’’ ќе биде и едукацијата на луѓето што ќе бидат задолжени за оддржување на тоалетите.

Повозрасните сингапурци од поодамна се соочени со желбатана властите за употреба на јавните тоалети и придржување кон прописите за јавна чистота. Така, на пример, ако некој биде фатен да мокри во лифт, му следува казна до 5.000 долари и повеќемесечна принудна јавна работа. Одбележени прекршители од овој вид порано не беа ретка глетка на сингапурските паркови и улици, но едукацијата и високите казни речиси ја елиминираа оваа појава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска