„Хаштаг“ отсега и на „Фејсбук“

Од:

Социјалната мрежа „Фејсбук“ од вчера се придружи на „хаштаг“ револуцијата и го воведе симболот „#“, што се користи на „Твитер“ и овозможува собирање на корисниците околу некое име или тема.

Воведувањето на „хаштаг“ на корисниците на најпопуларната мрежа ќе им овозможи учество и водење групни разговори, како и едноставно пребарување на новости поврзани со истите теми.

„Хаштаг“ најмногусе поврзува со „Твитер“, но го користат и останатите социјални мрежи како што се „Тумблр“ и „Пинтрест“.

Минатиот месец и „Гугл“ најави негово воведување на својот сервис „Гугл+“.

„Фејсбук“ на својот блог објави дека со воведувањето на „хаштаг“ сака да се олесни меѓусебната комуникација на корисниците.

– Секој ден стотици милиони луѓе го користат „Фејсбук“ за споделување на своите размислувања за битни настани околу нас и разговарање за истите со своите пријатели. Со цел подобро да се истакнат најинтересните разговори за настаните, луѓето и темите воведуваме повеќе нови функции, објави менаџерот на Фејсбук, Грег Линдлеј.

Од вчера корисниците на „Фејсбук“ може да кликнат на „хаштаг“ и да ги видат сите објави на другите луѓе на одредена тема.

Новата услуга за почеток ќе биде достапна само за 20 проценти од корисниците, а останатите „хаштаг“ ќе може да користат во текот на следните неколку недели.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он