Харисон Форд повторно ќе го глуми Хан Сол

Од:

Според пишувањето на „Entertainment Weekly, актерот Харисон Форд повторно би можел да се врати на улогата на Хан Сол во новото продолжение на серијата „Star Wars“.

Според изјавата на неименуван извор, близок на актерот, Форд е многу возбуден околу снимањето на седмиот филм од серијалот, кој е најавен минатата недела.

– Харисон е отворен за идејата за снимање на нов филм и многу е возбуден поради тоа, рече изворот.

Форд претходно изјави дека никогаш повторно не би ја играл улогата на Хан Сол. Иако таа улога му ја отвори вратата кон успехот, рече дека кон тоа нема да се врати.

– Некои ликови едноставно се така замислени. Тие едноставно не живеат после филмот, рече Форд.

Марк Хамил кој го глумеше Лук Скајвокер, неодамна откри дека нему и на Кери Фишер, која ја глумеше принцезата Леа во оригиналните филмови, за плановите за снимање на новиот филм им е речено уште во август, пред да биде најавено куповањето на Лукасфилм од страна на Дизни.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид