Во Лондон кон крајот на месецов по првпат ќе биде послужен хамбугер тежок околу 150 грама, чие производство чинеше четврт милион фунти. Се очекува овој хамбургер да отвори нов лист кога е во прашање храната.
Станува збор за експериментален оброк, прв хамбургер чие месо е подготвено од животни добиени во лабораторијата од матични клетки, а за да се дојде до конечно производство биле потребно 250.000 фунти.
Плескавицата е направена од три илјади ленти вештачко говедско месо, од која секоја е со големина на зрно од ориз. Нејзиниот творец, научникот проф. Марк Пост од холандскиот Универзитет Маастрихт, се надева дека ваквиот оброк ќе може да придонесе за надминување на се поголемата побарувачка на месо, особено говедско, јагнешко, свинско и пилешко.
– Во моментот користиме 70 отсто од целокупниот агро-капацитет за да одгледаме стока колку што ни е потребно месо. Сигурно во блиска иднина ќе ни бидат потребни алтернативи, изјави проф. Пост за „Дејли телеграф“.
– Ако не направиме ништо по тоа прашање, месото ќе стане луксуз и храната ќе биде се поскапа.
Тој објаснува дека и за „плескавица од вештачко место“ се потребни животни за да се извлече од нив матична клетка. Меѓутоа, со тој процес од едно животно би се добило многу повеќе месо отколку сега.
Професорот додава дека производството на синтетичко месо е потребно 99 отсто помалкку ресурси отколку за одгледување на вистинско месо.
Според податоците на Светската организација за храна и земјоделство, до 2050 година ќе јадеме два пати повеќе месо отколку сега. Сепак, пред да се појават вакви хамбургери во рестораните ширум светот, потребно е да поминат строги контроли за да бидат доделени дозволи за понатамошно производство.