Halo 4 најскапа игра во историјата

Од:

Фил Спенсер, шефот на Microsoft Studios, вели дека новата Halo 4 за Xbox 360 конзола ќе биде најскапата игра која компанијата некогаш ја произвела, како и најскапата видео игра во историјата.

За жал Спенсер не кажал конкретно колку ќе изнесува комплетната продукција во бројки, па ќе треба да сметаме и малку да ја погледнеме листата на игри со најголеми буџети.

Со оглед на тоа дека најскапите игри досега беа All Points Bulletin и GTA 4, за кои е потрошена сума од 100 милиони долари, тоа значи дека Halo 4 оваа бројка ќе ја надмине, барем за неколку десетици милиони.

Најскапата игра од Microsoft досега беше претходното продолжение од Halo франшизата, Halo 3, која чинеше околу 60 милиони долари.

Во секој случај ова е храбар потег на Microsoft, знаејќи дека играта излегува само за Xbox 360 конзолата.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска