Истражување на Универзитетот на Британска Колумбија, кое опфатило над 1.300 лица покажа дека скоро четвртина од нив имаат преглед на Фејсбук профилот на својот партнер, член на семејството или пак, некој пријател.
Исто така, 21 отсто од испитаниците позитивно одговориле на прашањето – дали некој ги проверил нивните профили без нивно знаење или дозвола. Причините се едноставни: љубопитност, љубомора, корист, уцена… Иако најголем дел од оние кои признаваат дека барем еднаш „го пикнале носот“ во туѓи работи, тоа го направиле заради шега и забава.
Проблемите најчесто настануваат кога некој едноставно ќе заборави да се одјави од својот компјутер или од смарт уредот.