Американската компанија „Гугл“ ги избра најдобрите Андроид апликации за смартфони или таблети, кои ја одбележаа 2012 година.
Интернет порталот „Бизнис инсајдер“ објави дека „Запос“ е најдобра апликација за интернет купување преку мобилен телефон, додека „Еврноут“ е најдобар потсетник и личен планер.
Во потесниот избор се најде и апликацијата „Пинтерест“, која се појави на пазарот годинава и им овозможи на корисниците споделување фотографии, видео и други содижини, како и интерактивната бајка „Снежана“ на браќата Грим, наменета за деца.
Според „Гугл“ најдорба апликација е „Покет“ која овозможува читање интересни текстови и во офлајн мод, додека на патниците ја препорачува „Експедиу“, бидејќи нуди најзначајни информации за голем број туристички дестинации. Доколку некој сака да го проучи своето фамилијарно стебло тука е апликацијата „Анестри“, за електронско купување апликацијата „Фенси“, за контрола на личните финансии „Минт“.
Меѓу најдобрите апликации е и водичот за серии „Пикслр“, „Експрес“ за обработка на фотографии и ТЕД, која на корисниците им овозможува дружење со некои од најдобрите научници, бизнис гуру или музички легенди.
„Гугл“ менаџерот на интернет продавницата за апликации „Плеј стор“, Таварес Форд, изјави дека некои од апликациите се создадени во текот на 2012 година, додека некои имаат значително подобрување што обезбедува нивно подобро функционирање. Според него поголем дел од апликациите се глобално достапни и нудат одлично искуство и на таблет и смарт уредите.