Грповски: Програмата на ФЗОМ за 2012 година е реализирана со над 95 проценти успешност

Од:

Во Програмата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) за 2012 година во која беа содржани вкупно 296 проекти, 141 се континуирана активност, а 155 беа испланирани на кратки рокови. Од сите проекти, само 11 останаа да се завршат оваа година. Тоа значи дека Програмата на Фондот за 2012 година е реализирана со над 95 проценти успешност.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на ФЗОМ, Јован Грповски, кој рече дека меѓу проектите кои ја одбележале 2012 година се: отворањето истурени канцеларии за потребите на осигурениците на град Скопје во Драчево и Ѓорче Петров, промовирање на услугата „мое осигурување, мој доктор“ преку поставување директен линк на веб сајтот на ФЗОМ, завршување на првата фаза на централизација на информатичкиот систем на Фондот чија основа цел е да може сите податоци и деловни процеси да се постават во една централизирана база.

Меѓу останатите проекти во 2012 година, тој ги посочи воведување е-Трезор односно електронско поднесување на налозите за плаќање преку веб апликација/интернет од страна на јавните здравствени установи, ревидирање на 52 цени и усвоени шест референтни цени за нови здравствени услуги, воведување четири нови дополнителни дијагностичко сродни групи (здравствени услуги), остварување специфичен вид и обем кој е поврзан со износот на договорениот надоместок на ЈЗУ и согласно тоа се ревидира на квартална основа и посети и анкети во ординации и аптеки од примарната здравствена заштита.

Вториот директор на ФЗОМ, Џемали Мехази укажа на олеснувањата во делот на фармацијата за осигурениците, како што се подобар пристап до лекови и зголемување на бројот на лекови без доплата. Тој посочи дека од вкупниот број лекови кои ги покрива Фондот до крајот на 2012 година над 40 отсто се без доплата. Од вкупниот број лекови, 80 отсто имаат доплата до 100 денари, а 20 отсто имаат доплата над 100 денари итн.

Одговарајќи на новинарско прашање Грповски потенцира дека Буџетот на ФЗОМ е зголемен за 300 милиони денари оваа година, дел од кои се наменети за лекување во странство, а дел за здравствените установи.

Во врска со буџетите кои оваа година се предвидени за ЈЗУ, рече дека кај оние каде била најалармантна состојбата, го зголемиле Буџетот.

– Оние здравствени установи кои 2012 ја завршија со релативно големи долгови беа опфатени со одлуката на Владата и ние им утврдивме постојано финансирање независно од нивната реализација, додаде Грповски.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство