Пред неколку месеци, Леа Сејмур (34) беше во својата куќа во Фелтам, западен Лондон и ја чистеше бањата. Тоа испадна фатално за неа.
Таа вдиши големо количество отровни испарувања кои и предизвикаа напад на астма. По четири дена борба во болница, нејзините бели дробови сепак не успеаја да закрепнат.
Цилија, како што ја нарекуваа пријателите, тој ден беше кај неа дома со Петер Сефери, кој е сопственик на автопералната каде што беше вработена. Тој објасни како се одвиваше трагедијата.
– Ја повикав и реков дека сум во близина на нејзината куќа и дека ќе стигнам за неколку минути. Таа рече дека ќе ја исчисти бањата и дека ќе ја остави вратата отклучена. Само што влегов почувствував силен мирис. Слезе долу и нормално разговаравме неколку минути, кога почна да се гуши ми рече да повикам брза помош. Набрзо таа се онесвести, а јас се обидував да и пружам прва помош – раскажува тој.
Веднаш е пренесена во болница, каде што лекарите мораа да ја стават во индуцирана кома, но четири дена подоцна таа ја загуби битката.
Нејзината мајка, Џули Фалон, рече дека лекарите и објаснија дека мешањето на белилото и средството за чистење тоалети создава опасен гас што предизвика напад на астма, па таа ги повика другите луѓе да не пробуваат такво нешто.