Американската компанија „Градо Лабс“, специјализирана за производство на високо квалитетни слушалки го претстави најновиот модел ГС1000и, рачно изработени махагони слушалки.
Луксузните ГС1000и користат најнов динамичен конвентор, а новиот кабел со осум проводници дополнително помага за постигнување на совршен звук.
Новото махагони дрво, каблите и дизајнот даваат врвни резултати во контролата и стабилноста на распонот на горните и долни фрекфенции.
Слушалките го задржуваат препознатливиот „градо“ звук со богат вокал, совршен ритам и ултра фини високи тонови. Презентацијата е екстремно детална и постигнува совршен баланс на длабоки басови и фини високи тонови кои овозможуваат уживање во најквалитетен звук.
ГС 1000и се достапни по цена од 1.175 долари.