За љубителите на алпинизмот, норвешкото студио „Рејулф Рамстад Архитект“ изгради специјална градба наречена „Маунтејнеринг Центар“, која се наоѓа во местото Андалснес во фјордот Ромсдал.
Градбата претставува правоаголна кула која заменува планина прекриена со снег и која е видлива и од поголема далечина. Целата површина на градбата е прекриена со плочки, врз кои се поставени вештачки карпи, по кои е можно искачување.
На врвот на градбата има стакларник, кој заедно со триаголните прозорци долж самата основа на „планината“, овозможуваат влез на природна светлина во внатрешноста на кулата.
Стакларникот и просториите во основата на кулата се замислени како места за дружење и за собирање на локалните жители и на љубителите на алпинизмот.