„Remy Martin“, кој го произведува официјално најдобриот коњак „Луј XIII“, ја пласираше на пазарот колекцијата „Time“, серија лимитирани шишиња во чест на богатата историја на овој бренд.
Прв во низата е „The Origin – 1874“, коњакот што се однесува на оргиналниот пијалак, одамна креиран за „Луј XIII“.
Дизајнот на шишето потсетува на кралското шише што компанијата „Remy Martin“ го купила од фармер кој го пронашол закопано во поле во близина на Жарнак.
Ова шише има 13 шила, и централен мотив на цвет на крин во злато.
Капачето на шишето потсетува на мини верзија на превртено шише, исто така со крин.
Совршениот елексир, е спакуван во метален куфер со плетена текстура и асоцира на корпите што во времето на Луј XIII се користеле за транспорт.
Најмладиот од овие коњаци е стар 40 години.