Google најави уште еднa чистка на своите производи, а меѓу нив си најде и нашиот драг Google Reader.
Како што најавија на својот блог, Googlе ги гаси грото од своите производи за подобро фокусирање на идните производи на кои им даваат повеќе внимание. Google Reader е објавен во 2005-та година и од време на време за него се дизајнираа низа подобрувања и можности, но се се сруши всушност со појавата на Google+ кога компанијата го замени природниот „share“ со оној од g+.
После тоа Google едноставно престана да одговара на барањата на корисниците, па така, една година подоцна го гаси овој сервис.