Пред неколку години беа откриени неколку скици и забелешки од изумите на славниот уметник, никој не посвети внимание на една, подоцна ќе излезе навистина интересна скица, која неодоливо потсетува на проектот “Google Glass”.
Скицата од направата на Леонардо која потсетува на “Google Glass” повторно ја “откри” докторот по физика од Универзитетот Илинои, Берт Вајлд, кој инаку се занимава со нуклеарна физика.
Toj смета дека оваа слика не привлекла внимание при првиот преглед поради тоа што во тоа време не постоеле модерните концепти, како што се “Google Glass” и други облици на “нослива” виртуелна стварност.
Вајлд ја приметил сличноста со проектот “Google Glass” за време на прегледувањето на работите на Да Винчи во Милано.
Сликата прикажува маж кој носи додаток на десното око, кој со тенок држач е поврзан со десното уво.
Леонардо Да Винчи својот концепт го нарекол “Occhiovita Immagine”, што во груб превод значи “Преглед на сликите со очите”.