Голиот каубоец – атракцијата на њујоркшкиот Тајмс сквер, се ожени на празникот на вљубените, на 14 февруари, соопшти италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Години наназад 42-годишниот Роберт Берк заработува пари пеејќи и свирејќи на гитара на Тајмс сквер, облечен само во бели гаќи, со каубојска шапка на главата и каубојски чизми.
Секој ден илјадници туристи го снимаат, а стотици жени го штипкаат по задникот.
Освен тоа, Голиот каубоец соработува со дискографски куќи, веќе има и доста спонзори, како Водафон, Пепси Кола и Ситибанк, а неговиот лик се појавува на мноштво сувенири.
Берк дури на шега се појави на изборите за градоначалник на Њујорк против Мајкл Блумберг.
На Свети Валентин Голиот каубоец, меѓутоа, за малку ја остави на страна својата професија на уличен забавувач, облече костум и стави вратоврска, за да склучи брак со изборот на неговото срце, Патриција, која е танчерка на ориенталски танци.
По овој важен чекор во животот Берк нема намера да ја напушти својата „професија“, но смета дека дел од неговата поублика ќе се повлече. Стравува дека неговиот нов семеен статус ќе одбие некои од неговите најстраствени почитувачки.