Големи промени во индустријата на часовници

Од:

Ал Џезира – Доха

Нови часовници, од сите големини, бои и форми, се изложени на најголемиот саем на часовници во Хонг Конг. Меѓутоа, новите технологии донесоа немир на пазарот, бидејќи се повеќе купувачи се вртат кон паметните часовници, кои нудат многу повеќе од самите сказалки и покажување на времето. Традиционалните производители се обидуваат да се прилагодат и да најдат ново тло под нозете.

Сите кои нешто значат во светот на сказалките се појавија во Хонг Конг, 800 излагачи од 30 земји во светот.

„Индустријата на часовници е една од четирите клучни индустрии во Хонг Конг. А според бројките и извозот Хонг Конг од секогаш бил на прво место” – рече Естер Вонг од Федерацијата на трговци на часовници во Хонг Конг.

Беше, но не и од минатиот месец кога титулата ја презема САД, станувајќи главен пазар на купувачи на луксузни швајцарски часовници.
Имено, силната домашна валута и кинеската борба против корумпираните владини функционери, чии омилени подароци беа луксузни часовници, ја намалија продажбата во Хонг Конг.

„И понатаму веруваме дека Кина е голем пазар. Луѓето ќе продолжат да купуваат разни видови на часовници, но купувачите денес имаат многу повеќе информации и се по избирливи, посебно младата популација”, рече Вонг.

Лидерите на оваа индустрија тврдат дека на младите купувачи не им се примамливи традицоналните брендови како Ролекс, Бреитлинг и Омега. Повеќе се интересираат за евтини часовници.

„Имаме часовници со добар дизајн и многу конкуретни цени. Затоа можете да ги најдете на сите континенти во повеќе од 50 земји. Добро ни оди” – рече Гунхан Имрак од Слазенгер Воч.

Нова технологија

Освен цените, во денешно време голема улога игра и технологијата. Компанија од Кина дизајнираше и свој софтвер. Часовникот всушност е како телефон, прима меилови, ја следи работата на срцето и спиењето. А цената е десет пати поефтина од Смарт воч на Епл.

„Направивме часовник чија батерија трае повеќе од 30 дена. Има Блутут, може да се спои со автомобил, прима пораки и ги следи вашите активности” – рече Хелен Хванг, од Смартвоч Шензен.

„Најголемите брендови во светот на часовниците и понатаму се наоѓаат на секое ќоше во Хонг Конг. Но, продажбата на луксузната стока дожива пад во последните неколку годни откако Кинезите купуваат на други дестинации. Продажбата на луксузни часовници повторно живна во Европа. Затоа паметните часовници се нова надеж за јакнењето на азискиот пазар” – јавува репортерката на Ал Џезира Сара Кларк.

„Ова за сигурно е иднината и тоа во вашиот часовник. Се ќе се наоѓа во него” – рече Дарио Ла Торе, моден трговец.

Токму затоа многу претставници на оваа индустрија не веруваат дека глобалниот пазар на луксузни часовници некогаш целосно ќе зајакне, бидејќи новата иднина веќе стигна, со нов дизајн, напредни технологии, но и цени. 

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска