Годишното време влијае на холестеролот

Од:

Наодите на бразилски научници укажуваат на можноста временските услови да влијаат на концентрацијата на ХДЛ и ЛДЛ холестеролот во крвта. Истражувачите од универзитетот во Кампинас се користеле со податоци собрани од околу 227.000 испитаници.

Се покажало дека во зима кај учесниците во истражувањето доаѓало до зголемување на концентрацијата на т.н. лошиот (ЛДЛ) холестерол за просечно 7 мг/дл, односно за околу осум отсто.

Во летните месеци доаѓало до зголемување на концентрацијата на добриот (ХДЛ) холестерол за просечно девет отсто.

Во топлите месеци забележано е и зголемување на концентрацијата на триглицериди во крвта за просечно пет проценти.

Научниците не утврдиле дали овие промени доведуваат до зголемување или намалување на ризикот за болести на срцето зависно од годишното време.

Според нив, ваквите наоди е можно да се објаснат со последиците на сезонски варијации во исхраната и количината на телесни активности.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска