Меѓу оние што го следеа синоќешниот предизборен ТВ дуел меѓу германскиот канцелар Ангела Меркел и лидерот на опозицијата Пер Штрајнбрик, најголемо внимание очигледно не предизвикаа дебатите за војната во Сирија и економската криза, туку ѓерданот на шефицата на германската Влада.
Ваквиот заклучок произлегува од реакциите на социјалните мрежи по дебатата, во кои најмногу се говореше за ѓерданот на Меркел во боите на германското знаме (црно-црвено-жолто), кој дури доби и свој акаунт на Твитер.
Акаунтот на ѓерданот на Меркел за нешто повеќе од 15 часа по отворањето, веќе доби над 6.300 следбеници. На акаунтот стои и шеговитиот натпис: „И победник е: германскиот ѓердан“.
Еден од твитовите на акунтот гласи: „Резултат од телевизиакиот дуел: ѓерданот привлече поголемо внимание од одговорите на Штајнбрик и Меркел. Тажно…“.
Друг твит пак гласи: „Сакате ли ова да виси на Вашиот врат уште 4 години? Верувајте ми, како ѓедан знам што зборувам.“
Со популаниот ѓердан на својот врат Меркел првпат се појави во јавноста по победата на изборите во 2009 година, но тој тогаш не предузвика толкав внимание како сега.
– Сега веројатно никогаш повеќе нема да ме носи, се наведува на еден од твитовите на акаунот на ѓерданот на Меркел.