Филипински претставници денеска објавија дека го собориле светскиот рекорд во засадување на дрвја во рамките на програмата за раззеленување на земјата.
За еден час 160.000 државни службеници и ученици засадија 3,2 милиони дрвја во шест региони на островот Минданао, во јужниот дел на Филипини.
Претходниот рекорд на Гинис во засадување на дрвја беше 1,9 милиони садници за еден час. Тие беа посадени на 15 август 2011 година во Индија.