Гинисов рекор: 86-годишна жена работи како стјуардеса веќе 65 години

Од:

Жeна од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди, пренесуваат американски медиуми.

Бет Неш (86) почна да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines („Истерн ерлајнс“), потоа продолжи да работи за American Airlines и сè уште е таму без никакви прекини во работниот однос.

Неш откри дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа ѝ овозможува ноќта да се врати дома и да се грижи за својот син со хендикеп.

„Гинис“, кој го потврди светскиот рекорд на 1 јули. наведува дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот. Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.

„Требаше да имаш одредена висина, требаше да имаш одредена тежина. Порано беше ужасно. Доколку качиш некој килограм мораш да се мериш, а ако останеш така ти ја намалуваа платата“, изјави таа за WJLA-T.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“