Кога компанијата „Гес“ последен пат се обиде да направи смартвоч, успехот не беше голем, но сега се одлучи на втор обид со цел да стане сериозен ривал на другите брендови кои ги произведуваат овие уреди.
Во производство на паметни часовници „Гес“ влезе во 2015 година со уредот наречен „Гес Конект“, кој не беше посебно технолошки напреден, но беше многу комплициран за користење. Но, сега компанијата ги претстави новите „Конект“ „паметни” часовници кои се технолошки понапредни, но го нудат тоа што веќе постои на пазарот.
Часовниците користат Андроид Вер 2.0 оперативен систем и можат да се поврзат со смартфони кои имаат оперативни системи Андроид и иОС.
„Гугл“ го претстави ОС Андроид Вер 2.0 минатиот месец во новите два часовници на ЛГ. Најважна новост се „Гугл Асистент“ е можноста за директно преземање на апликации, како и внес на текст со свајп движење.
Паметниот часовник „Гес“ има виртуелна тастатура, Смарт Реплај опција и можност за препознавање на ракопис, што е ново за „Конект“ часовниците, но не се како многу часовници кои користат Андорид Вер.
Паметниот часовник поседува процесор Куалком Снепдрагон Вер 2100, а доаѓа во две големини 41 и 43 милиметри. Можно е да се прилагоди благодарение на повеќе од 100 комбинации кога се работи за изгледот на екранот, бојата, бројчаниците и слично. Понудени се и многу опции на нараквицата.
„Гес“ се уште не ги објавил сите детали и цената.