Германската полиција се досети дека старите полициски униформи може да бидат рециклирани и да се преработат во модерни чанти и торби.
Идејата ја реализираа студенти по дизајн во Хановер. Тие добиле 150 стари униформи од сообраќајната полиција и од нив изработиле 500 чанти во различни форми и големини. Меѓу нив има футроли за мобилни телефони, ранци и патни торби.
Поголемиот дел од германската полиција во 2009 година зелените униформи ги замени со сини, што ги наполни полициските складишта.
Чантите од старите полициски унифорни се шиени во работилница каде работат лица со инвалидитет, а добивката ќе биде наменета за хуманитарни здруженија за хендикепирани.
Полицијата во Долна Саксонија е прва која се досети на ваквиот начин на рециклирање.