Сопственичка на ресторан во Германија се соочува со проблеми со законот, бидејќи наводно, картите за играње ги мачкала со радиоактивна материја, и така мамела во игрите.
Берлинската полиција соопштува дека 41-годишната жена на некои карти нанесла јод 125, што на коцкарите, со помош на детектор, им овозможувало да дознаат кои карти ги има противникот.
На трагата и влегле откако делови радиоактивни карти биле пронајдени при редовна проверка на камион за отпад во фабрика за рециклирање. Следењето на движењето на камионот потоа го откри местото на злосторството.
Била извршена рација во ресторанот и во други објект, и притоа се пронајдени 13 „радиоактивни“ карти.
Како што стои во извештајот, јодот 125 обично се користи во медицински цели, и претставува ризик по здравјето само во случај на директен контакт без заштита.
Се уште се истражува колку пари се заработени со таа шема за мамење во картите.