Германците користат мраз за греење

Од:

Мразот не е само добар изолатор, туку може да се искористи и за греење во домаќинството, докажа германската компанија „Исокал“, која разви концепт за користење на мразот за греење со употреба на сончева и геотермална енергија.

Станува збор за единствен, иновативен концепт „СоларАјс“, кој овозможува поефикасно искористување на топлотните пумпи и соларни колектори за климатизација на просторот.

Овој систем се состои од вообичаен резервоар со топла вода, потоа топлотна пумпа која користи посебно изграден студен резервоар за вода, како и соларни зрачни колектори и систем за управување.

Поентата е во начинот на користење на посебниот студен резервоар, од кој се извлекува топлината се додека во него не дојде до замрзнување, односно кристализација.

Во студениот резервоар се наоѓа големо количество вода закопано во земја, на длабочина од околу половина метар, каде температурата е главно константна. Во текот на летниот период овој резервоар е наполнет со вишок на енергија, која кога е потребно се извлекува со помош на топлотна пумпа и обезбедува греење на резервоарот со топла вода која може да се користи и за греење во домаќинствата и потрошувачката на топла вода.

За просечна семејна куќа, според информациите на производителите, доволен е систем „СоларАјс“ со студен резервоар од 12 метри кубни, како и со комбинирана топлотна пумпа и зрачен колекторски систем со вкупна сила од 7,5 kw, кој ги задоволува потребите за греење и потрошувачка на топла вода.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска