Една гаража со кос покрив и добро осветлување е претворена во стан со површина од 230 метри квадратни. При адаптацијата на гаражата се користени едноствани палети, црни додатици и дабово дрво, а големиот покрив и страничните прозорци озвможуваат влез на големо количество светлина во станот.
Добрата осветелност во станот, покрај со големите прозорци, се постигнува и со бело обоените ѕидови, со кои може да се вклопи секаков мебел.
Во куната има голема лизгачка врата, која води кон шпајзот, а нејзиниот ентериер е надопонет со црна трпезариска маса и елементи од дабово дрво.
Со отстранување на покривот во еден дел, направена е застаклена тераса со убаво уреден простор, од каде преку лизгачка врата се влегува во собата за дневен престој.
Најголемо внимание во дневата соба привелкуваат елементите со зелна боја – софата и тепихот, кои во комбинација со природната светлина и блиската тераса, создават чувство како да се наоѓате на отворено.