„Галакси C4“ на пазарот многу побрзо од средината на годинава

Од:

Јужнокорејскиот електронски гигант „Самсунг“ соопшти дека неговиот нов „паметен“ мобилен телефон „Галакси С4“ ќе се појави на пазарот многу побрзо од средината на 2013 година, иако е потврдено дека нема да биде претставен на следниот саем MWC (Mobile World Congres) од 25 до 28 февруари во Барселона.

– За С4 ќе биде применета истата стратегија како и за С3, односно лансирање пред крајот на првото полугодие, поради соочување со конкуренцијата, изјави извршниот директор на француската филијала на „Самсунг“ Филип Бартле.

Податоците поврзани за идните технички спецификации на апаратот и понатаму се исти – осумјадрен процесор „Ексинос 5“, екран од пет инчи „Супер Амолед ХД“ со резолуција од 1.080 пиксели, систем за снимање фотографии и видео снимки (13 милиони пиксели) на задниот дел и верзија на оперативниот систем Андроид 4.2.1.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска