Гала концерт во МОБ со хитовите од „Макфест“

Од:

Со настап во живо, во гала концертна варијанта, 68 музичари, 12 рок и поп пејачи, како и еден диригент, вечер, во Mакедонската опера и балет (МОБ), низ 15 рефрени, ќе го пренесат најдоброто од досегашните 25 години „Макфест“.

Василичарскиот концерт со кој МОБ ја продолжува традицијата, ќе се одржи и утре.

Публиката ќе има можност да ужива во најслушаните рефрени испеани на „Макфест“, популарните: Кога те нема,  Свирете ја зајди, зајди, Еден бакнеж и магија се стори, Кој да ти каже Ивана, Ангели ме носат,…

Настапуваат Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Елена Ристеска, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Елена Петреска, Александар Белов, Нина Јанева, Лидија Кочовска, Димитар Андоновски, Јоце Панов и Вејчеслав Поповски, придружувани од Оркестарот на МОБ, под диригентство на Бисера Чадловска.

Билетите за двата концерта чинат 800, 1.000 и 1.200 денари.

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Триесет и шесто издание на „Макфест“

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест“

Ана Ололовска

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Ана Ололовска

Штип: „Макфест“ може да се одржи на отворено, „Пастрмајлијадата“ откажана

Жарко Настоски