Само неколку дена по изјавата на Сем Мендес, дека нема да биде режисер на следниот филм за Џејмс Бонд, британските медиуми започнаа со шпекулации за тоа кој ќе биде наследникот на режисерското столче.
Како прв фаворит е познатиот режисер Гај Ричи, а по него Мартин Тремел, Стивен Спилберг и Мартин Скорсезе.
Некои медиуми ги спомнуваат и Квентин Тарантино, Клинт Иствуд и Тим Бартон како можни режисери.