Габа од Чернобил како штит за астронаутите во Вселената

Од:

НАСА планира да се врати на Месечината до 2024 година, меѓу другото, и со намера да воспостави трајно човечко присуство таму до крајот на ова десетлетие. По тој пат има многу логистички пречки, а една од најголемите е тоа дека универзумот постојано се обидува да се ослободи од човечките патници…

Штетното радиоактивно зрачење, во таа смисла, претставува голема закана за здравјето на астронаутите. И, ако луѓето имаат намера да се упатат кон Марс и другите планети, што подразбира подолг престој во непознатото пространство, тогаш е неопходна посериозна заштита. За таа цел, научниците проучуваат жив организам кој вирее во можеби најрадиоактивната област во овој миг на Земјата – Чернобил… А, тоа е габата Cladosporium sphaerospermum, за која се верува дека може да формира тн. „самоисцелувачки штит“ што ќе ги заштитува астронаутите од радиоактивно зрачење.

Еден примерок од овие габи беше пренесен и еден месец испитуван на Меѓународната вселенска станица – МВС. Научниците сакаа да дознаат колку таа габа е во состојба да го запре зрачењето, благодарение на меланинот во себе што го претвора штетното зрачење во енергија…

Астронаутите на МВС се изложени на зрачење 20 пати поголемо од нормалната количина на зрачење на кое се изложени на Земјата за една година. По 30 дена експерименти на МВС, заклучоците говорат дека габата добро се прилагодува на бестежинската состојба и добро напредува, и покрај зголемената радијација, односно дека ја намалува за два отсто.

Значи, во иднина, оваа габа најверојатно би можела да послужи како штит во мисиите на Месечината и Марс.

Но, на тој пат сѐ уште има многу пречки… Сепак, можеби идните живеалишта во Вселената ќе напредуваат благодарение токму на организмите кои на Земјата, генерално, се сметаат за непожелни.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ