Футуристичката куќа во Мадрид гледана од надвор изгледа како вселенски брод по лансирање, издигнувајќи се над својата оска, но не целосно ослободена.
Празнината во централниот дел на објектот функционира како светларник, каде има и паркинг, влезниот дел и скалите.
Средниот дел функционира како термален регулатор.
Со укинувањето на класичниот станбен план, настануваат просториите за спиење кои се сместени во цилиндричните нивоа над тлото, додека заедничките простории, како дневната соба, сауната, трпезаријата и кујната поставени се околу централниот атриум.
Горните катови изгледаат како опсерватории, со големи стаклени површини, но многу поприватни отколку што изгледаат, благодарение на мрежестата мембрана која е поставена околу рабовите.
Меѓу нивоата на кои се наоѓаат собите и мембраната има отворен простор кој се споен со дрвена тераса.