Фустанот на Џуди Гарланд од „Волшебникот од Оз“ на аукција за половина милион долари

Од:

Фустанот кој Џуди Гарланд го носеше во филмот „Волшебникот од Оз“ би можел да биде продаден на аукција за половина милион долари, сметаат аукционерите.

Сино-белиот костим кој Гарланд го носеше во филмот од 1939 година ќе биде понуден на аукција на Беверли Хилс следниот месец, а во аукциската куќа „Џулијанс“ проценуваат дека фустанот ќе биде продаден за сума меѓу 400.000 до 600 илјади долари.

Претседателот на аукциската куќа Дарен Џулијан рече дека фустанот, дизајниран од познатиот костимограф на МГМ Ендријан, не е прикажан во јавност од кога е продаден на аукција во 1981 година.

Станува збор за едно од клучните парчиња, кое колекционерите од целиот свет го бараат, вели експертот за поп култура Лора Вули. – Тоа е парче кое сите веднаш го препознаваат, вели таа.

 

Фустанот пред аукцијата ќе биде изложен во „Џулијанс“ од 5 до 8 ноември.

На дводневната аукција на 9 и 10 ноември ќе се најде и белиот фустан кој Елизабет Телор го носеше во филмот „Место под сонцето“, проценет на 20 до 30 илјади долари, како и триптихот на Сесил Битон кој висеше во домот на Мерлин Монро во Њујорк и кој е проценет на 35 до 45 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“