„Де-Дименжн“ е назив на колекција мебел на дизајнерот Јонг Чои, која се состои од дводеимензионални и тридимензионални елементи.
Конг Чои, кој дипломирал на Академијата за дизајн во Ајндховен, својата уметност ја предочува во вид на концептуелни парчиња на мебел.
– Во нашата моментна состојба, во која модерното општество ја доживува сликата во релација со рекламата, циркулацијата на информациите и интернетот, зошто да не ги преиспитаме можностите со затварање на истите на рамна површина и зошто да не употребиме стереоскопски пристап, искористувајќи го директното искуство и влијанието на самата слика или цртеж во креирањето на нашите производи?, вели тој.
Дали се тоа парчиња мебел, клупа, столица или тоа се уметнички дела кои висат на ѕидот?
Всушност овој пат тоа е сето тоа. Мебелот на Јонг Чои претставува концептуелно дело, исто колку и виситнско – едноставно се воодушевувате на сликата, потоа ја симнувате од ѕидот, ја поставувате на саканото место и седнувате на неа.