„Фуџитсу“ произведува смартфон за повозрасни

Од:

Јапонската компанија „Фуџитсу“ произведе „паметен“ телефон за повозрасните луѓе и планира да го продава на пазарите во САД и Европа.

Голема реткост е денес некој да користи телефон кој не е смартфон меѓу младата популација, но е сосема јасно дека ваквите апарати не се за секого. Затоа „Фуџитсу“ направи смартфон кој е специјално дизајниран за да може да го користат постарите лица.

Телефонот „Раку-Раку Смартфон“ има карактеристики, како што се драстично зголемени букви, посилен звук и слично, што им одговара на повозрасните.

„Фуиџитсу“ смета дека „Епл“ и „Самсунг“ веќе ги „заземале“ пазарите за смартфони во САД и Европа и нема можност да го позиционира својот бренд на начин на кој овие два прозводитела го направиле тоа. Меѓутоа, својата шанса ја гледа во посебни пазарни понуди, како што е оваа.

Исто така, „Фуџитсу“ бара начин како да ја зголеми продажбата на своите мобилни телефони на пазарите надвор од Јапонија.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска