Студиото на познатата дизајнерка Заха Хадид Архитектс победи на конкурсот за изградба на фудбалски стадион за екипата Форест Грин Роверс од Глостершир.
Тоа ќе биде првиот фудбалски стадион комплетно изграден од дрво. Речиси секој елемент на стадионот ќе биде изграден од дрво.
Покривот ќе биде покриен со провидна мембрана која ќе овозможи нормален раст на природната трева на теренот.
Стадионот ќе може да прими 5.000 гледачи, но ќе има можност да биде проширен на 10.000 седишта.