Французин признал татковство на 21 дете од 19 различни жени

Од:

Дваесет и осумгодишен жител на Нант, кој го признал татковството на 21 дете од 19 различни мајки за да им дозволи да добијат дозвола за престој во Франција, деновиве доби обвинение, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Како што пишува регионалниот весник „Уест Франс“, младиот Французин признал дека е татко на 21 дете, родени меѓу 209 и 2014 година. Неговата „милосрдност“ била откриена од  граничната полиција, која пронашла документи со кои се потврдуваат неговите административни постапки за признавање на децата.

Според весникот, „таткото“ на 21 дете пред обвинителот потврдил дека тој навистина е таткото на сите деца.

Истражните органи сега се обидуваат да дознаат дали „таткото“ бил платен за неговиот гест и дали има други деца. За ова 28-годишни лице постојат сомневање дека давал лажни изјави и затоа ризикува петгодишна затворска казна. И мајките на децата, кои побарале услуга од него, исто така, може да бидат обвинети. Додека децата, кои имаат француско државјанство, можат да го загубат, а нивните мајки да ја загубат дозволата за престој.

Истрагата е се уште на  самиот почеток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм