Французин повеќе од еден месец не знаел дека станал милионер

Од:

Еден Французин добил на лото и чекал повеќе од еден месец пред да оди да ја подигне премијата за која мислел дека изнесува 5.000 евра.

Меѓутоа, кога отишол по својата „скромна“ добивка, останал шокиран кога дознал дека премијата всушност изнесува 73 милиони евра.

Милионската добивка, седма по висина во историјата на игри на среќа во Франција, била извлечна на 2 декември.

Среќниот добитник не го гледал извлекувањето на броевите на лотото „Евромилиони“ и кога отишол за проверка на тикетот на вообичаеното продажно место, продавачката му рекла дека добил 5.000 евра и дека за таква премија мора да се обрати во експозитура на француската лотарија. Но, кога отишол во лотаријата, му кажале дека е добитник на милионска премија.

– Да се јавев три недели подоцна немаше да добијам ништо. За среќа се заврши добро. Кога само ќе помислам дека не бев свесен оти повеќе од еден месец во паричникот носев лото ливче вредно 73 милиони, изјави среќниот Французин, кој побарал да остане анонимен.

Тој вели дека редовно играл игри на среќа, но дека никогаш досега не добил ништо.

–  Играв со надеж дека еден ден ќе освојам некоја мала сума, додава новопечениот милионер.

Би можело да ве интересира

Испуштила џекпот од 200 милиони евра зашто не го уплатила ливчето

Ана Ололовска

Американец по шести пат добива на лото

Ана Ололовска

Супер среќник доби неверојатни 731 милион долари на лотарија во САД

Катерина Ѓуровски

Државната каса профитирала со повеќе од 280 милиони евра од приредувачите на игри на среќа

Ана Ололовска

Австралиец добил џекпот со бројки што ги играл 50 години

Ана Ололовска

Американец двапати доби милион долари на лото

Ана Ололовска