Французи живеат најдолго, најздрави Скандинавците

Од:

Животниот век на Европјаните е се подолг, а нивното здравје по 65-та година не е секогаш добро, покажаа резултатите од истражувањето кое што денес беше објавено во Париз.

Според истражувањето од сите Европејци, Французите живеат најдолго. Мажите во таа држава по 65-та година во просек живеат уште 19,3 години, а жените 23,8.

Меѓутоа Франција не е над останатите држави во ЕУ, кога станува збор за здравјето на нејзините граѓани по 65-та година.

Разликите помеѓу државите се големи, па така мажите во Литванија живееат 68 години, а Швеѓаните 11,9 години подолго.

Со добро здравје може да се пофалат Швеѓанките и Норвежанките, бидејќи тие живеат околу 80 години, додека Французинките во просек живеат до 74 години.

Луѓето во просек имаат подобро здравје, што укажува дека наспроти кризата водат сметка за својата здравствена состојба-вели од францускиот институт за истражување Инсерм, Жан Мари Робин.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ