Дури 75 отсто од новите родители објавуваат фотографии на бебињата веднаш по раѓањето, околу 64 отсто од нив објавуваат фотографии секој ден, а само шест отсто не сакаат да ги експонираат децата на социјалните мрежи.
Околу 75 отсто родители веќе во првите 60 минути по раѓањето на детето, фотографии од бебето објавуваат на социјалните мрежи, покажа истражувањето на интернет страната „Портериста”. Според истражувањето, најпопуларните интернет страници за објавување на првите фотографии на бебињата за 77 отсто родители се Фејсбук и Инстаграм.
Околу 64 отсто од 2,5 илјади родители на деца на возраст од пет години признаваат дека повеќе пати на ден ставаат фотографии од своите деца на социјалните мрежи, додека 21 отсто од нив тоа го прават неколку пати месечно. Само 6 отсто од денешните родители никогаш не поставиле и немаат намера да постават фотографии од своите деца на Фејсбук, бидејќи не сакаат да ја нарушуваат приватноста на своето семејство. Меѓу топ пет причини за поставување на фотографии на деца на интернет, родителите го наведуваат покажувањето на бебињата на роднините и пријателите кои живеат во странство, но тоа го гледаат и како начин на изразување на својата љубов кон детето како идеална локација за собирање на спомени.