Билките во ентериерот не се нешто ново, но цели ѕидови исткаени од билна прекривка, веќе е нешто сосема поинакво.
За оние кои на единствен начин сакаат да го освежат својот дом, а не знаат како, ова е многу интересно решение. Постојат компании специјализирани за изработка на внатрешни ѕидови и декорации од билки како главен „градежен“ материјал.
Во деловниот и животниот простор, зеленилото може да се внесе со фиксни или подвижни ѕидни панели од билки или „слики“ кои наместо уметничкото дело врамуваат украсни билки.
Со цел панелите да не овенат, тие имаат резервоари со вода и систем за наводнување.
Освен естетската улога и смирувачките ефекти кои ги постигнува, како некои од бенефициите на зелените панели креаторите го посочуваат чистиот воздух, звучната изолација и создавањето пријатна и здрава микроклима во ентериерот.