Во западното париско предградие Булоњ Бијанкур е изградена училишна зграда со тревен покрив, која има тенденција да биде не само објект за образование, туку и да промовира еколошки стандарди и одржлив развој.
Зградата висока 12 метри, која е дело на проектантското биро „Шартие Дали Архитектс“, има 18 училници и спортски објект кој е отворен за користење и за локалните жители.
Секое ниво на одделенија има свое игралиште и двор украсен со разни видови дрва и друга вегетација.
Надворешната граница на училишниот објект ја фомира ѕид од монтажни бетонски блокови што се разликуваат по длабочината, создавајќи интересна фасада од пукнатини и дупки со различни големини во кои расте вегетација, а можат да се вгнездат и помали птици.