Џастин и Лорен Шелтон станаа вистинска медиумска сензација откако со заеднички сили ослабеле 237 килограми.
На почетокот на минатата година, Џастин имал 268 килограми, а Лорен 154. Џастин денес има 111, а Лорен 74 килограми.
– Почнав да се дебелеам после спортската повреда во средно училиште. Не можев да бидам активен и поради тоа почнав да добивам во килограми. Во еден момент се излезе од контрола, рече Џастин.
– Отсекогаш наоѓав утеха во храната. Всушност, јадев и кога бев среќна. Но, почнав да се дебелам после средно училиште и имав некои лични проблеми, а како годините поминуваа, лесно се дебелеев и дојдов до 154 килограми. Во еден момент едноставно се помирив со тоа дека сум предебела и повеќе не ми беше грижа, објасни Лорен.
Меѓутоа, се се промени кон крајот на 2011 година откако лекарот на Џастин му рече дека е претежок за лекарски преглед.
„Тогаш ми стана јасно дека навистина претерав и одлучив дека попрво ќе умрам обидувајќи се да се вратам во форма отколку да живеам незадоволен со самиот себе“, изјави Џастин за Хафингтон Пост. Заминувањето во болница ја вознемири и неговата девојка Лорен, па заедно одлучиле да ја преполоват тежината.
Во февруари 2012 година ги сменија прехранбените навики. Од исхраната исфрлиле леб, масло, сосови и мрсно месо и почнаа здраво да се хранат.
Почнаа и да тренираат. Во почетокот по малку, а денес на фитнес одат и до шест пати неделно.
– Знаевме дека во тешките моменти се имаме еден со друг. Би ми беше многу потешко ако ја немав неговата поддршка, рече Лорен и додаде: „Го поправив квалитетот на животот. Гардероба купувам во нормални бутици, а правиме и работи на кои порано не би ни помислиле. Активни сме и се радуваме на секој нов ден“.