Стар воен објект на австриските Алпи, изграден за време на Втората светска војна, е тансформиран во современа куќа за одмор.
Архитектот Ралф Герман, кој бил задолжен за реконструкцијата на објектот, сакал да ги зачува неговите оригинални карактеристики, па покривот, ѕидовите и неколку историски детали се зачувани во изворна форма.
Куќата се состои од две коцки, од кои едната, со внатрешен простор од 49 метри квадратни, е изработена од стакло, а другата од дрво. Дрвената коцка е вовлечена во ентериерот и околу неа се распоредени кујната, трпезаријата, дневниот престој и мала спална соба.
Архитектот при дизајнирањето на ентериерот користел чисти линии, со што се обезбедува негова функционалност и се овозможува влегување на големо количество светлина. Несекојдневниот избор на бои придонесува за поголема динамичност и виталност на домот.
Малата бања е обоена во јака виолетова боја, а оваа нијанса е употребена и како акцент во спалната соба. Во дневната соба и трпезаријата доминира зелената боја, која го дополнува неутралниот декор, додека во кујната е искористена комбинација на белата и дрво, со што таа изгледа едноставно и елегантно.
Куќата има големи прозорци преку кои може да се ужива во преубавите пејсажи на Алпите.