Архитекти од Стокхолм се надеваат дека ќе успеат во проектот за изградба на највисокиот дрвен солитер за кој тврдат дека ќе биде поевтин, поиздржлив и поотопорен од бетонските згради.
Тоа револуционерно дело е идеја на две архитектонски фирми во Шведска. Зградата на иднината би требало да има 34 спратови.
Архитектите велат дека зградата ќе има напојување од соларна енергија од плочи што ќе се постават на кровот на зградата, а секој апартман ќе има застаклена веранда како и зеленило кое ќе биде околу и на ѕидовите на зградата.
Тоа не е првпат архитекти во Шведска да направат таква зграда, имено веќе е дизајнирана и изградена дрвена зграда на седум спратови.