ФОТО: „Виндфол“ – модерно осветлување од кристали

Од:

„Виндфол“ (Windfall) e специјален салон во Минхен за елементи за осветлување изработени од специјално дизајнирани кристали, во сопственост на брачната двојка Клариса Дорн и Роел Хагманс.

windfall-04

Клариса и Роел ја следеа својата љубив кон светлоста и кристалите, кога го основаа „Windfall Contemporary Crystal Lighting“ (современо кристално осветлување) во Минхен во 2004 година, за да отворат пат за нови начини за дизајн на кристално осветлување.

windfall-02

Роел го оствари своето име на меѓународната сцена со својот дизајн на класични и ориентални лустери за Султан Квабос (Sultan Quaboos) џамијата во Мускат и Големата џамија во Абу Даби. Клариса со себе донесе долгогодишно искуство од уметноста, дизајнот на ентериери и организација.

windfall-03

Нивниот прв заеднички проект „SCARLETT“, кристална каскада, врамена со транспарентен, шарен цилиндричен абажур Органза, доживеа голем успех. Набрзо потоа, нивниот втор дизајн „ HELLBOB“ е развиен како идеја за нов концепт за осветлување со кристални лустери, „custom made“ кристална сфера направена со „Windfall curler“ техника.

01

Пловечките кристални предмети се осветлени одзгора, со тенденција да ги прошират емоциите низ просторните просветлувачки ефекти кои ги создаваат.

balance

Оваа компанија по нарачка дизајнира и реализира проекти ширум светот. Многу светски познати архитекти, урбанисти и дизајнери на ентериер, го вклучуваат „Виндфол“ во своите проекти.

bespoke

Приватни станови во Париз, Лондон, Њујорк, Лос Анџелес, Фиренџа, Мадрид, Санкт Петербург, Џеда, Мумбај, Берлин, Хонг Конг, Манила, Лас Вегас, Далас, Хаваи, Сантјаго де Чиле, Јоханесбург…исто така го носат личниот печат на компанијата „Виндфол“.

curler flowers hellbob jewel leaves lula new oriental scarlett staircase

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска