Во местото Кола Бланш во француската медитеранска област Сен Жан Кап Ферат е изградена вилата „О“.
Вилата, која е стационирана на брегот на француската ривиера, се наоѓа во близина на плажата, а до објекот води пат опкружен со борови.
Вилата „О“, во која доминираат белата боја, големите прозорци со небеска боја и кобалтот, претставува храбар пристап кон модерната архитектура.
Таа е со површуна од 1.250 метри квадртани во кои на четири ката се распоредени дневна соба, библиотека, трпезарија, голема кујна, бар, собно кино, просторија за вежбање, спална соба и просторија за послугата.
Во опкружувањето на вилата има базен и голем двор со јасмини, а од неа се пружа и одличен поглед кон заливот и блиското пристаниште.