ФОТО: Вила „Мејендел“ пример за архитектонска убавина

Од:

Инспирирана од песочната пошумена парцела на која се наоѓа, куќата „Мејендел“ го користи секој позитивен аспект од својата локација.

Се работи за куќа замислена како викендичка, која се простира на повеќе нивоа, со делумно спуштен план на просторот.

Во куќата се влегува на нејзиното средно ниво, односно во просторот во кој се сместени домашна канцеларија и две спални соби.

Над нив се наоѓа отворена кујна и дневен престој, додека во долниот дел на куќата се сместени голема спална соба, гаража и помошна просторија, која делумно е вкопана во песокит.

Главната, налик недовршена структура од бетон совршено го диктира протокот меѓу спратовите со своите нежни падови, додека дрвото, челикот и алуминиумот придонесуваат за робусниот изглед на целиот концепт.

Екстериерот на оваа куќа е обложен со дрво, а од прозорците се пружа поглед кон дините и долината.

Куќата дише со зелен амбиент, која е совршена за некој писател, уметник или самотник, кој сака да ужива во секој свој тивок момент.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска