Во португалското место Ердаде да Компорта е изградена интересна викендичка во која е применет иновативен пристап во поглед на поврзаноста меѓу екстериерот и ентериерот.
Објектот е граден на начин што има за цел да обезбеди единство меѓу современиоот дизајн и рустикалниот карактер на конструкцијата, базиран на традионалните португалски куќи.
Викендицата се протега на површина од 275 метри квадратни и претставува целина составена од три објекти околу кои има базен и убаво уреден двор. Во главниот објект се наоѓаат собата за дневен престој, трпезаријата и кујната, додека во помошните објекти се спалните соби.
Големите прозорци овозможуваат влез на големо количество светлина во внатрешноста на објектот, каде доминира контрастот меѓу рустикалноста и современоста, кој е остварен со користење на различни материјали како некородирачки челик и дрво и преку контраст на бои.
Рустикалниот изглед најмногу доаѓа до израз во употребата на слама и трска за изградбата на покривот, што на целата викендичка и дава карактер на колиба, за што придонесува и нагласената употреба на дрвото, кое се среќава низ целата куќа.