Во резрватот „Си Фарм Прајват Нејчр“ во Јужна Африка изградена е необична викенд куќа, која дизајнерите на студиото „Саота“ ја проектирале на начин со кој целосно се вклопува во автохтоната околина.
Куќата е сместена на каменест полуостров над прекрасните плажи и од неа се пружа спектакуларен поглед кон планината Хангклип и околниот пејзаж.
Инспирација за оваа градба дизјанерите пронашле во локалната архитектура, задржувајќи ги нејзините основни карактеристики на куќа со големи веранди и со употреба на природни бои и материјали.
Трпезаријата, која е замислена како центар за дневните активности на семејството, од две страни е опкружена со извајани содржински елементи. Крај неа има заоблени комори кои се искористени за кујна и за камин.
Собата за дневен престој има висок таван и посбено изработени прозорци. Во собата доаѓаат до израз дрвените покривни носачи и материјалот „лате“, која тардиционално се користи за изградба на сламените покриви.
Куќата има и гостинска соба од која се пружа поглед кон планинскиот пејзаж, како и гаража и помошни простории.