Ви се здосадија обичните земјени саксии со типична црвеникава боја на теракотите? Не ви преостанува ништо друго туку да земете четка во рака, да ја пуштите фантазијата и да ги обоите своите теглички за цвеќе.
Така за кратко време ќе го промените изгледот на балконот или внатрешноста на својот дом, пишува „Јутарњи лист“.
Малку боја ќе направи чудо за вашиот простор, а во ентериерите полни со естетика како совршен детал убаво ќе изгледаат и минималистичките насликани саксии.
Пред да почнете со работа, видете ги овие шармантни примери кои ги најдовме на Пинтерест и одберете дали тегличките ќе ги украсите со весели шарени бои, или пак со некој забавен лик, посочува „Јутарњи“.